Connect with us

Фудбал

Сега е познато дали Роналдо останува во Јувентус!

Трансферот кој беше најавуван, изгледа нема да се случи, па Роналдо останува во Јувентус.

Тутоспорт денеска објави дека првата ѕвезда во Серија А донела одлука да остане во Јувентус до истекот на неговиот актуелен договор, односно до 2022 година. Главната причина е тренерот Андреа Пирло со кого е во одлични односи, за разлика од претходникот Маурицио Сари.

Паратичи во последната изјава вели: “Можам да кажам дека Кристијано Роналдо останува во тимот. Ние не обрнуваме многу внимание на гласините за трансфери, се појавуваат ‘вести’ секој ден. Договорот на Роналдо со Јувентус е до 2022 година и тој ќе го испочитува“.

Синоќа напаѓачот ги постигна двата гола (во победата од 2:0 на мечот со Каљари.