Connect with us

Фудбал

Сега знае како му беше на Де Хеа, Онана го пцуеше Мегваер поради грешката, ќе го „убиеше“ (ВИДЕО)

Новиот голман на Манчестер Јунајтед Андре Онана ги загуби нервите по очајната реакција во одбрана на својот соиграч Хари Мегваер. Во пријателски натпревар Манчестер Јунајтед беше поразен од Борусија Дортмунд со резултат 3:2, а играта ја одбележа крајно бурната реакција на голманот на англискиот тим.

Најголемо внимание по натпреварот предизвика една интересна сцена која се случи на почетокот на вториот дел пред голот на Јунајтед, кога Онана влезе во вербален конфликт со соиграчот Мегваер. Имено, скапиот дефанзивец реагираше очајно, но Онана со одлична одбрана во последен момент го спаси својот тим. Веднаш по интервенцијата решил да му одржи лекција на Мегваер. Тој го пцуеше и викаше за кардиналната грешка, а поранешниот капитен се вкопа во местото и немо гледаше. Навивачите беа воодушевени од реакцијата на новиот голман, кој веднаш јасно стави до знаење дека нема да толерира вакви грешки.