Connect with us

Фудбал

Сејдини: Радост и гордост! Почнуваат натпреварите во Лигата на Нации

Претседателот на македонската фудбалска репрезентација Муамед Сејдини се огласи преку Фејсбук поскапувајќи им успех на играчите кои вечерва го играат првиот натпревар од Лигата на Нации.

„Радост и гордост! Почнуваат натпреварите во Лигата на Нации каде уште еднаш во фокус ќе бидат јунаците кои најдобро и најубаво знаат да ја радуваат Македонија. Да ја поддржиме сите заедно фудбалската репрезентација на Македонија, и да посакаме нов пласман на ново Европско Првенство“, напиша Сејдини на Фејсбук.

Тој додаде: Македонија на Европско 2024.