Connect with us

Фудбал

„Секој треба да се угледа на Јувентус“

Фудбалерите на Јувентус се откажаа од својата заработка до јуни за клубот да функционира нормално во овој тежок период.

Така, фудбалерите покажаа лојалност кон клубот, што е за пофалба. Претседателот на италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина ја пофали „Старата дама“ и рече дека треба да биде пример за другите клубови.

“Погледнете што направи Јувентус. Тоа е одличен пример. Погледнете ги. Им се заблагодарувам, тие ги поставија своите интереси на друго место. Солидарноста е најважната работа и последиците можат да бидат одлични ако фудбалот не продолжи“, рече Гравина.

Претходно, Даглас Коста изјави дека разговарал со капетанот Киелини и дека знае кога треба да се вратат на тренинзите.

„Чекаме ситуацијата да се подобри во Италија. Треба да се вратиме на 3 април, но разговарав со капетанот Киелини и тој ми рече дека ќе се вратиме на тренинзите на 15 или 20 април, ако дотогаш се биде во ред“.

„Ова е многу збунувачко. Јас сум дома со семејството во моментов. Убаво е да се биде во можност да помине некое време со семејството. И само со нив сум, затоа што не можам да отидам на друго место”, рече Коста.