Connect with us

Фудбал

Селектор убедува фудбалер да не прави трансфер во Арсенал: Со Атлетико секогаш ќе игра Лига на шампиони

Во репрезентацијата на Гана се надеваат дека Томас Партеи ќе остане во Атлетико Мадрид. За него голем интерес има од Арсенал, но сепак селектрот на Гана вели дека доколку замине во Лондон ќе згреши.

-Искрено не би сакал да замине во Арсенал, бидејќи со Атлетико Мадрид секогаш ќе игра во Лигата на шампионите. Неговата позиција е загарантирана и секогаш ќе игра, изјави селекторот на Гана, Чарсл Аконор.

-Не сум сигурен со Арсенал, знам дека навивачите на овој клуб ќе ме убијат за ова што го зборувам, но навистина се надевам дека тој нема да се пресели таму, порача селекторот на Гана.

Пареи има клаузула од 45 милиони евра, што секако не би требало да преставува проблем за Арсенал.