Connect with us

Ракомет

Селекторот Брестовац: Оштетени сме од ЕХФ, сакаме на светско првенство

Селекторот на ракометната репрезентација, Данило Брестовац вели дека Македонија е оштетена со одлуката на ЕХФ да ги сопре баражите за пласман на светското првенство во Египет. Практично пласманот на Мундијалот се реши по административен пат, а на голем број на селекции им беше ускратено правото спортски да се борат и да се надеваат. Македонија требаше да игра бараж со Франција.

-Оштетени сме од оваа одлука на ЕХФ, подбро ќе беше да играме со Франција, пред сè заради тоа што нам ни фалат натпревари со силни противници. Сепак треба да бидеме оптимисти,  Македонија ја заслужува  „вајлд-карта“, изјави селекторот на македонската репрезентација во изјава за ТВ Сител.