Фудбал
Селекторот на Данска го објави целосниот список за Светското првенство
Селекторот на Данска, Каспер Јулманд го објави конечниот список на играчи кои ќе учествуваат на Светското првенство во Катар, кое започнува на 20 ноември. Минатиот понеделник веќе беа јасни имињата на 21 од играчите, а сега се додадени уште пет.
Тоа се Јусуф Поулсен од РБ Лајпциг, Кристијан Норгард од Брентфорд, Фредерик Ронов од Унион Берлин, Александар Ба од Бенфика и Роберт Сков од Хофенхајм.
Данска е во групата Д заедно со Тунис, Франција и Австралија.