Фудбал
Селекторот на Канада и упати непристојна закана до Хрватска (ВИДЕО)
Се
лекторот на Канада, Џон Хердман, упати непристојна закана до Хрватска, откако северноамериканците загубија од Белгија на нивниот прв натпревар на Светското првенство по 36 години. Канаѓаните одиграа силен настап во нивното долгоочекувано враќање на најголемата сцена, но сепак не освоија бод од нивната пресметка со „црвените ѓаволи“, што значи дека ќе мора да бараат задолжителна победа против Хрватска во нивните следниот натпревар.
„Им кажав на момците дека покажаа дека припаѓаат овде и дека следниот натпревар ќе одиме надвор и „Ф“ Хрватска. Тоа е нашата мисија сега“, рече Хердман по натпреварот, цензурирајќи го англискиот збор „Фак“. „Горд сум на нашиот настап, но на вашиот прв натпревар на турнир како овој треба да ги освоите трите бода. Имавме можност да го завршиме денот на врвот во групата, но тоа беше нашата мисија, но не ја остваривме Сепак, горд сум, момците дадоа се од себе, покажаа дека припаѓаат овде и ги направија фановите горди“, додаде Хердман.
Canada's John Herdman after his side's hard-fought 1-0 loss to Belgium: "I told them they belong here. And we're going to go and F Croatia. That's as simple as it gets." The fiery 47-year-old maanger is pure CONCACAF Thunder, with a terrific haircut 🇨🇦pic.twitter.com/24k8k78Zp8
— Men in Blazers (@MenInBlazers) November 23, 2022
Клучниот натпревар на Канада против Хрватска се игра во недела на 27 ноември од 19:00 часот.