Connect with us

Други спортови

Селекторот на Србија: Го наместија Австралија Опен за пехарот да го освои манекенот Надал!

Селекторот на Дејвис куп репрезентацијата, Богдан Обрадовиќ вели дека Автралија опен бил наместен турнир за да го освои Рафаел Надал.

-Освои три гренслем трофеи и играше уште едно финале во минатата сезона, тоа е доказ дека е најдобар. Сега измислија глупави причини за трофејот да го освои манекенот на „КИА“ Рафаел Надал. Се беше наместено од организаторите“, изјави Обрадовиќ.

Инаку, во неделата надал победи против Медведев во финалето со што стигна до 21 гренслем во кариератa и сега има еден повеќе од Федерер и Ѓоковиќ.