Connect with us

Други спортови

Селекторот на ватерполо репрезентацијата има коронвирус

Селекторот на ватерполо репрезентацијата на Србија, Дејан Савиќ, е заразен со коронавирус, дозна Курир. Во текот на денот, ќе се одлучува за начинот на лекување.

Во четвртокот вечерта беше утврдено дека членот на репрезентацијата Немања Вико е позитивен за КОВИД – 19, така што сите активности на репрезентацијата веднаш беа прекинати и во петок сите играчи и членови на тимот беа превентивно тестирани.

Се покажа дека селекторот на српската репрезентација е исто така позитивен за овој вирус. Савиќ имал треска, а во текот на денешниот ден и утре ќе изврши дополнителни прегледи, со цел да утврди колку е силен вирусот, односно како ќе продолжи понатамошниот третман.