Поврзи се со нас

Фудбал

Селта го сака Манџукиќ во своите редови

Виго, 10 ноември 2020 (МИА) – Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ се најде во сферата на интерес на Селта, објави „АС“.

Раководството на шпанскиот прволигаш размислува да го ангажира 34-годишниот напаѓач. Сепак, конечната одлука за играчот ќе ја донесе новиот тренер, кој ќе го замени разрешениот Оскар Гарсија.

Манџукиќ во моментов е слободен агент. Последен клуб на Хрватот беше катарскиот Ал-Духаил, кој го напушти во јули.

Оваа есен Локомотив покажа суштински интерес за Манџукиќ. Рускиот вицешампион му понудија договор на вицешампионот на светот, но до соработка не дојде. зс/

loading...

Facebook