Connect with us

Други спортови

Сем Квери доби и условна и парична казна за бегството од Русија

Американскиот тенисер Сем Квери е условно казнет со 20.000 долари затоа што при истрагата било потврдено дека ги прекршил правилата на АТП, зашто избега од Санкт Петербург.

Наместо да остане во 14-дневна изолација, Квери со семејството успеал да излезе од Русија. Тој организирал приватен лет и преку ноќ го напуштил Санкт Петернург.

Квери се очекува да настапи на првиот Грен слем турнир во 2021 година, Австралијан опен од осми февруари.