Фудбал
Семејството на Рамос, по болните пораки ја контактираше полицијата
Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос беше нападнат од навивачите на Ливерпул и Египет по финалето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
Рамос стана една од нај омразените личности во Египет откако го повреди Мохамед Салах. Салах во дуелот со Рамос го повреди рамото, а многумина го обвинија Рамос за намерно повредување на ѕвездата на Ливерпул.
Шпанските медиуми објавија дека линчот над Рамос не се случил само на социјални мрежи, туку дека тоа станало навистина сериозно. Капитенот на Реал Мадрид има дури и закани за смрт, а полицијата ги испитува овие пораки.
Исто така, некои членови на неговото семејство добија вознемирувачки пораки. Повеќето од нив беа принудени да ги променат своите телефонски броеви и се надеваа дека полицијата ќе дознае кој стои зад ужасните закани и пораки до Рамос и неговото семејство.