Connect with us

Фудбал

Семејството се собира: Пеле го игра најважниот меч во животот

Семејството на легендата на Бразил и светскиот фудбал, Пеле, од целиот свет почна да се собира во татковината за да се прости од кралот на фудбалот, пишуваат медиумите во Бразил .

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го игра најважниот натпревар, се бори за живот. Тој е под посебна нега повеќе од 20 дена откако беше објавено дека има сериозна прогресија на рак на дебелото црево, чие лекување е комплицирано со дисфункција на бубрезите и срцето.

Една од ќерките на Пеле објави дека нејзиниот татко сигурно ќе остане во болница за време на божиќните празници.

Според некои извори, тој повеќе не може да зборува, а поради деликатната ситуација веќе почнале шпекулациите како треба да изгледа националното збогување во Бразил. Планот е прво да се одржи семејно бдение, по што стадионот на Сантос ќе биде отворен за посетители, каде сите љубители на фудбалот ќе можат да се простат од одличниот фудбалер.