Фудбал
Семин го предупредува Јувентус: Јас имам план
Тренерот на Локомотив Москва, Јури Семин, го предупреди Јувентус пред натпреварот во Лигата на шампионите. Рускиот стратег објави дека неговиот тим е подготвен за предизвикот.
„Како сме? Имаме голем оптимизам, Антон Миранчук се приклучи на групата. Смолов е повреден, Жaоао Марио е во ред. Тимот е во ред, ние сме многу оптимисти.”
„Крајниот исход? Пред нас се уште три натпревари, имаме повеќе искуство, поголема стабилност и се уште можеме да се подобриме. Исходот ќе го знаеме на 10 декември“, рече Семин.
„Имам план. Сакаме да создадеме проблеми за Јувентус. Нашата цел е да дадеме гол. Ние ќе се бориме за секоја топка и ќе настојуваме да имаме баланс помеѓу нападот и одбраната“.
“Тие напаѓаа бргу, создаваат контранапади, мора да бидеме балансирани и да не бидеме изненадени. Одбравме да играме во РЗД Арената затоа што во Лужники нашите навивачи би се чувствувале како да се во гости. Тука се чувствуваме посилни”, заклучи Семин.