Connect with us

Други спортови

Сензацијата на деценијата и шокантен пораз на Новак Ѓоковиќ

Голема сензација на тенискиот турнир од серијата АТП 500 во Дубаи.

Јиржи Весели, 123. тенисер во светот го победи најдобриот играч на денешницата Новак Ѓоковиќ.

За Ѓоковиќ ова беше еден од најтешките и најшокантните порази во кариерата, а конечниот резултат беше 0:2 за чешкиот тенисер.

Беше 4:6 и 6:7 во сетови за играчот на Чешка кој одигра одличен натпревар, а кога се чинеше дека Ѓоковиќ полека се враќа на победничката патека, денеска во Дубаи пристигна шок.

Можеби овој „шамар“ до Ѓоковиќ дојде во вистинско време додека тој се уште се опоравува од целата ситуација што го снајде на почетокот на годината во Австралија, а мастерс турнирите и подготовките за нови Грен слем предизвици ќе започнат дури во март.

Весели во полуфиналето на овој престижен турнир ќе игра против подобриот од дуелот Беранкис – Шаповалов.