Connect with us

Фудбал

Сензационалниот пресврт на Јапонија ја остави Германија без пласман во осминафиналето

Јапонија ја победи Шпанија со 2:1 и го освои првото место во групата Е. Шпанија и покрај поразот е втора, а Германија е елиминирана иако ја совлада Костарика со 4:2.

Шпанија водеше со 1:0 на полувремето, но Јапонија направи пресврт преку Доан во 48. минута и Танака во 53. минута. Единствениот гол за Шпанија го постигна Мората во 11.минуита од натпреварот.

Германците ја совладаа Костарика со 4:2, но не се исполнија нивните очекувања, Шпанија да ја добие Јапонија за да обезбедат пласман во осмина финалето.

Гнабри го отвори резултатот во 10.минута од натпреварот, а ова беше и резултатот со кој екипите заминаа на полувреме.

Во второто полувреме се разигра и Костарика, па во 58. минута од натпреварот Теједа израмнува на 1:1.

Во 70. минута Вергас беше прецизен и му донесе водство на Костарика од 2:1

Сепак водствот на Костарика кратко траеше.  Хаверц во 73. минута изедначи на 2:2, а во 85. минута истиот играч му носи водство на Германија од 3:2.

Фулкруг во 89. минута од натпреварот ги постави конечните 4:2.