Connect with us

Фудбал

Сензационално: Челзи нуди за Роналдо 120 милиони евра

Според шпанска „Марка“, англискиот тим Челзи е подготвен на Јувентус да му плати 120 милиони евра за услугите на Кристијано Роналдо. Португалецот пристигна во Јувентус во 2018-та година за сума од 117 милиони евра, а секако дека доколку сака Роналдо, „Старата дама“ би заработила од неговиот трансфер.

Дали навистина Роналдо ќе се врати во Премиер лигата, каде играше за Манчестер Јунајтед, тешко е да се замисли, токму од тие причини со оглед на тоа дека во Јунајтед ги доживеа своите најголеми денови, по што се пресели во Реал Мадрид.

Доколку ова се реализира, тогаш Челзи ќе има одличен тим за следната сезона. Хаким Зијех е веќе договорен, се спомнува и Тимо Вернер од Лајпциг, а со Роналдо би комплетирале убиствен напад.