Connect with us

Ракомет

Сепак, искусниот Бразилец не доаѓа во Металург

Искусниот бразилски интернационалец Енрике Тешеира, сепак нема да биде дел од Металург во наредната сезона. 31-годишниот среден бек одлучил да го раскине договорот со тимот од Автокоманда спогодбено, а причините се семејни.

Имано, според информациите неговата сопруга е во блажена состојба, чекаат дете, па не сака да се сели од Романија, каде Тешеира настапува, односно во тимот ЧСМ Букурешт.

Тешеира од доаѓањето во Европа во 2015-та настапуваше за шпанските Грањолес и Уеска, а во Букурешт е од 2018-та година.