Connect with us

Други спортови

Серeна изненадувачки елиминирана од Азаренка на УС Опен

Њујорк, 11 септември 2020 (МИА) – Викторија Азаренка стави крај на соништата на Серена Вилијамс за освојување на рекордна 24-та грен слем титула на овогодинешниот УС Опен.

Во мечот од полуфиналето, тенисерката од Белорусија ја победи шесткратната освојувачка на турнирот со 1-6, 6-3, 6-3 за 1 час и 56 минути.

Вилијамс продолжува да води со 18-5 во директните натпревари со Азаренка.

Поранешната бр.1 во светот влезе во финалето на еден Гренд слем турнир за прв пат од 2013 година.

За титулата таа ќе спори со четврто пласираната Наоми Осака, која во своето полуфинале ја совлада Американката Џенифер Брејди со 7-6 (7-1) , 3-6, 6-3.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com