Connect with us

Други спортови

Серена откри зошто нема пријателки меѓу тенисерките

Руската тенисерка Марија Шарапова, неколку пати до сега изјави дека нема пријателки на ВТА турнирите, а сега нешто слично кажа и најдобрата американска тенисерка Серена Вилијамс.

– Многу е тешко да се замисли некој да ти биде најдобар пријател кога меѓу себе сте конкуренција. Но јас немам проблем со ништо, бидејќи сум среќна со се што имам сега. Ги почитувам сите мои противнички и на теренот и надвор од него, но не може да бидеме пријатели, изјави Американката, која во кариерата има освоено 23. Грен-слем титули.

– Немам никаков проблем кога станува збор за пријателството меѓу тенисерките, но јас сум таква кава што сум. Не кријам ништо и тоа можевте да го видите. Се е во ред и јас сум подготвена за новите предизвици на теренот, додаде Американката.

Серена првпат во својата кариера откри дека не е љубителка на зимските спортови.

– Не скијам бидејќи моето осигурување не ги покрива несреќите направени на скијање. Не сакам ладно. Јас сум од Калифорнија и живеам на Флорида и затоа јас и снегот не одиме заедно. За мене е само сонце, плажа и бродови, заврши Серена.