Connect with us

Други спортови

Серена Вилијамс се пензионира по тричасовен натпревар

Сè доаѓа до својот крај, вклучувајќи ја и феноменалната кариера.

 

Спортот го загуби својот најголем спортист досега. Серена Вилијамс, легендарната Американка која ги помести границите, се прости од тенисот.

 

Последниот настап во нејзината богата кариера го имаше против Ајла Томљановиќ во третото коло на УС Опен, во тричасовен меч.

Тенисерката од Австралија успеа да победи против 40-годишната мајка на едно дете со резултат 7:5; 6:7 и 6:1.

Серена не се предаде до последен момент. Така во последниот натпревар во кариерата спаси дури пет меч топки, но поразот беше неизбежен.

 

Откако натпреварот заврши во прошталниот говор, солзите беа неизбежни. Таа им се заблагодари на сите, особено на нејзината постара сестра Венера.

“Благодарам на сите што бевте тука. Поминаа децении. Ова се солзи радосници, претпоставувам. Да не беше Венера, немаше да ја има Серена, па таа е единствената причина зошто постоеше Серена”, рекла Серена.

 

Легендарната Американка во текот на кариерата одигра 986 натпревари со учинок од 835 победи. Таа освои 73 ВТА титули, од кои 23 се Грен слемови. Покрај сето тоа има и четири златни медали од Олимписките игри.

Таа беше најуспешна на Вимблдон со осум титули, седум на Австралија опен, три на Ролан Гарос и шест на УС Опен.

 

Таа беше светски рекет број еден дури 319 недели, а од тенисот заработи вртоглава цифра од 94 милиони евра. Таа со години беше доминантна за сите нејзини ривали и со право се смета за најголема тенисерка во историјата на белиот спорт.