Други спортови
Серена Вилијамс се повлече од учество во Мадрид
Американската Серена Вилијамс се повлече од учество во претстојниот тениски турнир во Мадрид следната недела. Вилијамс ќе продолжи со тренинзите, но сакала да се оддаде на обврските за документарниот серијал „Да бидеш Серена“, кој оди на ХБО.
– Жалиме за отсуството на Серена и посакуваме брзо заздравување. Таа е една од најголемите шампионки на спортот и се надеваме дека во иднина ќе ја видиме повторно во Мадрид, прокоментира турнирскиот директор Маноло Сантана.
Вилијамс се врати на теренот во Индијан Велс во март, каде што освои два натпревари пред да биде поразена од својата сестра Венус.
Потоа загуби во првото коло во Мајами од шампионката на Индијан Велс 2018 – Наоми Осака, а тогаш воопшто не зборуваше пред медиумите, бидејќи беше разочарана од настапот.
Се очекува следниот турнир за Серена да биде во Рим, по што следи настап на „Ролан Гарос“.