Фудбал
Серхио Рамос ги изненади сите кога откри со какви копачки ќе игра на следниот натпревар
Серхио Рамос реши да го смени спонзорот што се однесува до спортската опрема во која настапуваше.
Шпанскиот дефанзивец имаше соработка со американската компанија Најк десет години и играше во нивните копачки до летото 2020 година, кога не постигнаа договор за продолжување на соработката.
Рамос тогаш играше најмногу во копачки на Адидас, но брендот го менуваше од натпревар во натпревар бидејќи не беше обврзан со спонзорски договор за една од компаниите.
Сепак, тоа денеска се промени, а многумина беа изненадени кога Рамос потврди дека во иднина ќе игра во копачките на јапонската компанија Мизуно.
Мизуно потврди дека потпишале спонзорски договор со искусниот играч на ПСЖ, а Рамос веќе ќе ги носи копачките на оваа јапонска компанија на својот следен натпревар на кој ќе игра.
“Горд сум што го потпишав овој договор. Како дете веќе носев копачки Мизуно и се сеќавам дека ми издржаа многу долго. Неодамна повторно ги пробав копачките на Мизуно и бев изненаден од квалитетот. Среќен сум што сум сега е дел од ова друштво и се надеваме дека заедно ќе славиме многу победи“, изјави Рамос.
View this post on Instagram