Connect with us

Фудбал

Серхио Рамос го повтори рекордот на првенството на Шпанија по број на голови меѓу дефанзивците

Фудбалерот на Реал, Серхио Рамос, вчеравечер во натпревар од 28. коло од шампионатот на Шпанија постигна еден од трите гола за неговиот тим. Тој има 67 погодоци во Ла Лига и се искачи на првото место кај дефанзивните играчи.

Рамос се изедначи со Роналд Куман, но Рамос има 11 гола од пенал, додека Куман 46.

Оваа сезона, 34-годишниот Рамос има одиграно на 25 натпревари од шампионатот на Шпанија, постигнувајќи шест голови. Тој игра за Реал Мадрид од 2005 година.

По 28 кола, Реал Мадрид е на второто место на табелата со два бода заостанување зад  Барселона.