Фудбал
Серхио Рамос изгледа нереално: Капитенот на Реал Мадрид со задоволство позираше за фото репортерите
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е дефинитивно еден од најподготвените фудбалери на светот.
Од слабо дете како што беше со години и откако се приклучи на редовите на кралскиот клуб, дојде до мускулесто, а 34-годишниот дефанзивец со задоволство го покажа своето тело.
Речиси ниту еден тренинг на кралевите не поминува без Рамос да биде фотографиран без маица. Тој очигледно ужива да ги покажува мускулите и е многу среќен со неговиот изглед.
Неодамна, Рамос откри и што се променило во неговиот живот и како се појавил со фантастичен изглед.
„Обично за појадок имам имам кафе на маса, леб од хранливи зрна и протеински оброк како мисиркини гради или варено јајце. После тоа земам парче овошје и потоа одам на тренинг“, откри Рамос.
Секако, после напорното вежбање, треба да добиете повеќе енергија и протеини, а Рамос тоа го прави многу добро и не е ни чудо што изгледа нереално.