Connect with us

Фудбал

Серија А го сруши фан-рекордот, Интер го остави Јувентус зад себе!

Оваа сезона во Серија А е поставен рекордот за навивачите на стадионот. Највисокиот просек на навивачи беше регистриран во сезоната од 2000/01 година, при што сегашниот просек е 27.134 навивачи.

Споредено со минатата сезона има повеќе од 2500 фанови во просек, бидејќи минатата сезона просекот беше 25.500. Во однос на клупската статистика, Интер го задржува тронот, со просечно 64.000 фанови оваа сезона.

Втор за изненадување на сите е Милан. „Росонерите“ и покрај тоа што имаа многу проблеми, навивачите не го оставија својот тим, а просечната бројка изнесува 56,000 навивачи на „Сан Сиро“ за оваа сезона.

Јувентус го надополнува подиумот. „Бјанконерите“ добија поддршка од 39,000 навивачи во просек оваа сезона.

64.271 Интер
56.050 Милан
39.651 Јувентус
36.747 Рома
35.728 Фиорентина
35.636 Неапол
33.875 Лацио
24.674 Лече
24.188 Болоња
22.003 Удинезе
21.963 Џенова
21.542 Торино
20.612 Сампдорија
17.425 Х.Верона
15.802 Парма
15.729 Каљари
15.667 Бреша
14.486 Аталанта
13.030 СПАЛ
10.521 Сасуоло