Connect with us

Фудбал

Серија А продолжува на 13 јуни

Италијанската фудбалска федерација денеска донесе одлука сезоната да продолжи на 13 јуни.
Според протоколот клубовите со колективни тренинзи почнуваат на 18 мај и играчите имаат три недели да се подготоват за продолжување на шампионат.

Според протоколот доколку еден член на екипата има позитивен тест сите играчи ќе мора да заминат во 15-дневен карантин.

Во моментов клубовите веќе почнаа со индивидуални тренинзи, а веќе во текот на следната недела сите играчи ќе работат во група.