Connect with us

Фудбал

Серија А, во јануари го добива виртуелниот тренер

Следејќи го VAR, Серија А ќе се подготви за уште една технолошка револуција во оваа област.

Од почетокот на втората полусезона, во јануари, Серија А ќе ги обезбеди сите клупи со таблет на  кој ќе биде инсталиран софтверот „Виртуелен тренер на фудбалот“.

Оваа технологија ќе има за цел да му помогне на техничкиот персонал да ги подобри перформансите на тимот преку анализа во реално време за време на натпревари.

Ова ќе биде нов начин за толкување на натпреварите и изнаоѓање на инстант решенија благодарение на технологијата.