Connect with us

Фудбал

Сериозен напредок во преговорите меѓу Јунајтед и Санчо

Дортмунд, 9 септември 2020 (МИА) – Манчестер Јунајтед забележа значителен напредок во преговорите за трансфер на Џејден Санчо од екипата на Борусија Дортмунд. Неколку независни извори известуваат дека раководството на „црвените ѓаволи“ успеало да расчисти прашања во врска со платата на играчот, како и провизии за агентите вклучени во зделката.

Самиот играч сака да се пресели на „Олд Трафорд“ до 5 октомври, кога ќе го затвори преодниот рок во Европа.

Сè уште не е јасно дали има напредок во преговорите меѓу двата клуба за цената на играчот. Германскиот клуб сака 120 милиони евра за својата sвезда, додека оваа сума Јунајтед ја дефинира како „нереална“ поради пандемијата на коронавирус.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com