Ракомет
Сериозна криза ја тресе една од најдобрите европски ракометни екипи, Вардар ќе се обиде да ја искористи ситуацијата
Актуелниот шампион на Полска и еден од најдобрите европски ракометни клубови, Киелце, остана без главен спонзор и повеќе нема да може да смета на финансиска помош од ВИВЕ.
Првиот човек на клубот Берус Сервас денес потврди дека во иднина Киелце нема да го носи логото на познатата компанија Виве на нивниот дрес.
„Виве е тешко погодена од коронавирусната криза, повеќето продавници се затворени, затоа треба да бидам одговорен менаџер и да се грижам за илјадници вработени“, рече Сервас, кој ќе остане претседател на Киелце.
Финансиската криза веќе подолго време го тресе Киелце и ова беше дополнителен удар што ќе значи заминување на најздравите имиња а другите клубови како Вардар ќе се обидат да ги искористат.
Вардар кој е двократен европски првак, веќе планира да го доведе Игор Карачиќ, особено во случај тој да стане слободен агент.
Патем, Киелце беа европски шампиони пред четири години, а во моментов има неколку одлични играчи во својот состав, како што се Алекс Душебаев, Ангел Фернандез и Николас Турнат.