Connect with us

Фудбал

Сестрата на Роналдо: Ливерпул, ви благодариме!

„Му благодариме на Ливерпул. Нема никогаш да зборавиме што направивте денес“, напиша сестрата на Роналдо на социјалните мрежи.

Кристијано Роналдо не беше во составот на Манчестер Јунајтед за дербито против Ливерпул поради смртта на неговиот штотуку роден син во понеделникот

Во вчерашниот натпревар навивачите на Ливерпул покажаа голема почит кон Роналдо во овие тешки моменти. Во седмата минута од натпреварот тие станаа и аплаудираа.

Освен тоа ја запеаа и химната на Ливерпул, познатата „You’ll never walk alone“. Со ваквиот гест сакаа да му порачаат на Роналдо дека се со него и неговото семејство во овие моменти.

Реклама

Facebook