Фудбал
Сетиен беше запрашан како Пјаниќ сè уште игра за Јуве, а Артур не игра за Барса: „Не е исто“
Тренерот на Барселона, Киик Сетиен, денеска одржа прес-конференција пред градското дерби против Еспањол, а една од темите беше и Миралем Пјаниќ.
Минатата недела беше потврдено дека Пјаниќ е нов играч на Барселона, но тој ќе се приклучи на овој клуб само кога ќе ја заврши сезоната со Јувентус. Артур Мело, кој потпиша договор за соработка со „Старата дама“ до летото 2025 година, ќе оди во спротивна насока.
Барселона утре ќе игра градско дерби против Еспањол, а Сетиен денеска одржа прес-конференција. Едно од прашањата беше за Пјаниќ, односно зошто се уште игра за Јувентус откако е официјализиран трансфер, а од друга страна Артур не игра за Барса.
„Не е иста ситуација. Вие не можете да ги споредите Пјаниќ и Артур на тој начин. Артур сè уште тренира со тимот и сака да ја заврши сезоната, но неговиот настап зависи од мојата тактика и тоа е тоа“, рече Сетиен.
По потпишувањето за Барселона, Пјаниќ следниот ден играше за Јувентус, додека Артур не беше во конкуренција за мечот во претходните натпревари.
Бразилецот побара од Барселона да му дозволи да го напушти клубот пред крајот на сезоната и да му се приклучи на Јувентус. Тој ќе биде во Барса до крајот на Ла Лига, но во Лигата на шампиони, Сетиен веројатно нема да смета на него и очигледно е дека тој веќе игра тактики во кои не влегува Бразилецот.