Connect with us

Фудбал

Сетиен: Би сакал да го тренирам Нејмар

Објавено:

На тренерот на Барселона, Квик Сетиен, не би пречело Нејмар да се врати на „Камп Ноу“.

Во летото 2017 година, Нејмар премина од Барселона во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, но епизодата во „Паркот на принцовите“ не ги исполни неговите очекувања и тој со задоволство би се вратил.

Во последните неколку недели многу се зборуваше во шпанските медиуми дека Каталонците работат на тој трансфер, но големото прашање е што ќе се случи од целата приказна, особено поради кризата предизвикана од коронавирусот.

Сепак, тренерот Сетиен призна дека тренирањето на Бразилецот е негова голема желба.

“Јас би сакал да го тренирам еден ден. Тој е играч од прва класа. Да бидам искрен, го исполнив сонот со тренинг на Меси, но навистина би бил воодушевен доколку Нејмар ни се придружи”, изјави тренерот на Барселона.

Барселона е на првото место со 58 бода во моментот на паузата во ЛаЛига.

 

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама