Фудбал
Сетиен им се извини на фудбалерите на Барселона, а потоа Меси одржа 40-минутен говор
Фудбалерите на Барселона денеска на свој терен играат против Реал Сосиедад во 27-то коло од шпанската Ла Лига.
Каталонскиот клуб ја загубија лидерската позиција во Ла Лига откако минатата недела беа поразени од Реал Мадрид (2-0). Јасно е дека ситуацијата во Барселона не е многу добра во последно време, а атмосферата во соблекувалната е голем проблем.
Во јануари Барселона му го предаде отказот на Ернесто Валверде и Кике Сетиен беше избран за нов тренер, но очигледно е дека тој не се снајде најдобро во каталонскиот клуб.
Големиот скандал настана по Ел Класио кога неговиот помошник Едер Сарабија беше во центарот на вниманието. Тој викаше по фудбалерите на Барселона во текот на натпреварот, особено напаѓајќи го Антоан Гризман. Сарабија дури успеа да се расправа со Меси, кој беше вознемирен од однесувањето на асистентот на Сетиен.
„Мундо Депортиво“ вчера објави дека Сетиен им се извинил на фудбалерите на Барселона за однесувањето на неговиот асистент и рече дека тоа повеќе нема да се случи повторно.
Откако Сетиен ја напушти соблекувалната, Лео Меси, наводно, им одржал говор на своите соиграчи, што траело дури 40 минути. Тој им рече дека сите несогласувања мора да бидат решени и дека атмосферата мора да биде на највисоко ниво доколку сакаат да постигнат нешто оваа сезона.