Connect with us

Фудбал

Сетиен синоќа со една замена против Еспањол ги доведе навивачите на Барселона до лудило

Фудбалерите на Барселона синоќа го совладаа својот градски ривал Еспањол со минимални 1:0.

Барселона на тој начин ја намали предноста на Реал Мадрид на само еден бод, но „Кралевите“ својот натпревар во 35. коло го играат утре. Овој натпревар беше особено тажен за навивачите на Еспањол затоа што нивниот клуб исто така ги загуби теоретските шанси да остане во друштво на најдобрите, па следната сезона ќе игра во Сегунда.

Но, синоќешниот натпревар предизвика повторно лавина критики на штета на Кике Сетиен затоа што навивачите беа многу незадоволни од играта на овој тим. Барселона се чинеше тотално беспомошна на теренот, а со многу среќа на крајот успеа да забележи победа.

Тактиките на Сетиен често се мета на критики, но навивачите на Барса се чини дека навистина се налутија синоќа. Имено, она што најмногу го му замерија навивачите на Сетиен беше замената во 91. минута од натпреварот.

Имено, тогаш Сетиен го извади Рактиќ и го стави стоперот Арајо на теренот за да се одбрани дома против Еспањол. Фановите не можат да разберат дека Сетиен го стори тоа против слаб противник и тоа најдобро ја илустрира ситуацијата колку непрепознатлива е Барселона оваа сезона.