Connect with us

Фудбал

Сетиен за Лаутаро Мартинез: Не сакам да зборувам за играчи кои не се на Барселона

Лаутаро Мартинез долго време се спомнува како потенцијално засилување за Барселона по завршувањето на сезоната. Обештетувањето е 111 милиони евра, а Каталонците се обидуваат да најдат модел да ја намалат цената со вклучување на играчи во трансфер зделката.

Но, Интер не попушта и бара поголемиот дел да биде „кеш“, а потоа да се разговара за евентуално вклучување на некој фудбалер.

Во едно интервју тренерот на Барселона Кике Сетиен беше запрашан за Лаутаро Мартинез, но тој не откри многу, всушност не кажа дали се во преговори или до каде е целата работа.

-Сите одлични фудбалери ми се допаѓаат. Сепак, не сакам да зборувам за играчи кои не се дел од Барселона, вели Сетиен во дипломатски стил.