Connect with us

Фудбал

Сетиен за Видал: Тој мора добро да ја разбере својата позиција

Пристигнувањето на Кике Сетиен на клупата на Барселона, најверојатно, ќе се покаже како светла точка во корист на Артуро Видал, чиј однос со неговиот претходник, Ернесто Валверде, беше на ниско ниво. Новиот тренер го активираше Чилеанецот уште од првата минута, во своето деби против Гранада, во натпреваро од Купот на кралот Против Ибица го уфрли во игра во последните минути од натпреварот. На прес-конференцијата, шпанскиот селектор, сепак, имаше што да каже за перформансите на неговиот играч:

„Ги обожавам целосните играчи, кои го прават она што се бара од нив да го направат. Што ако не го сторат тоа добро? Видал ја игра улогата на играч од средниот ред и прво мора да се раздели. Тој мора да биде интелигентен во разбирањето како да го поддржува тимот, при напад и кога се брани. Ова се однесува и на другите играчи, во истата улога. Лично, сакам тој да ја разбере неговата позиција и да напредува добро со остатокот од тимот“.

И покрај сето ова, се чини дека Видал е предодредена да остане во Каталонија бидејќи беше на чекор од збогум. Со оглед на претстојмниот трансфер на Ериксен, хипотезата за трансфер на Видал во Интер се чини дека конечно опадна.