Connect with us

Фудбал

Северна Кореја се откажа од квалификациите за СП 2022, ова е причината…

Северна Кореја, ја извести Азиската фудбалска федерација дека го откажува учеството во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар.

Севернокорејците кои ги предводи диктаторот Ким Џонг Ун се откажаа од продолжението на азиските квалификации за Мундијалот идната година, па фудбалската федерација на оваа земја ја информирало Азиската конфедерација дека нема да продолжат да се натпреваруваат во вториот круг од натпреварите за местата кои водат на најголемиот фудбалски фестивал.

Оваа одлука на Фудбалската федерација на Северна Кореја доаѓа на само месец по одлуката на земјата да го откаже учеството на Олимписките игри во Токио, исто така поради страв од коронавирус.