Connect with us

Фудбал

Сезоната во Франција заврши!

Сезоната на француската Лига 1 ќе биде откажана.

Францускиот премиер Едуард Филип најави дека нема да се дозволат спортски настани, дури и зад затворени врати, до септември, бидејќи Франција продолжува да се бори против пандемијата на коронавирус.

Французите се ставени во карантин до 11 мај, но премиерот Филип одлучи да ја продолжи вонредната состојба до крајот на август, што исто така значеше и крај на фудбалот во Франција во сезоната 2019/20.

Клубовите од „Лига 1“ и „Лига 2“ се надеваа дека ќе се вратат на теренот во јуни, со тренинзи на почетокот на следниот месец, но сега одлуката на Владата ги наруши сите планови.

ПСЖ во моментов е на врвот на табелата со 68 бода од 27 одиграни натпревари. Марсеј е втор со 56 бодови и натпревар повеќе, што би можело да значи дека на ПСЖ ќе му биде одземена скоро обезбедената титула.

Потсетуваме дека сезоната во Холандија беше откажана минатата недела, но не беше доделена титулата, ниту пак испаднаа последните две екипи од лигата, а одредени беа само екипите кои се квалификуваа во Лигата на шампиони и Лига Европа.

УЕФА соопшти дека сака европските федерации да одлучуваат за сезоните таму кога што е можно тоа, но исто така призна дека федерациите можат да бидат принудени да размислат за откажувања поради финансискиот притисок или владините директиви.