Connect with us

Фудбал

Шалке дома се справи со Бохум

Шалке 04 го совлада гостувањето во Бохум со 3-1 во последниот натпревар од саботната програма во шестото коло од германското фудбалско првенство.

Доминик Дрекслер го отвори резултатот во 38. минута, а гостите израмнија во 51. со голот на Симон Цолер. Автоголот на Ерхан Машовиќ во 73. повторно доведе Шалке 04 во водство, а во шестата минута од судиското надополнување, Себастијан Поултер ги постави конечните 3:1.

За домаќините ова е прв успех сезонава. Шалке по победата се искачи на 12. место во поредокот со 6 бодови, додека Бохум останува последен без победа по првите шест кола во Бундеслигата.