Поврзи се со нас

Други спортови

Шампионот ни сами не знае како е жив денес: Шокантно видео покажува дека чудо го спасило (ВИДЕО)

Мет Вилкинсон е професионален австралиски сурфер кој беше мета на голема ајкула, но преживеа.

Најопасниот морски предатор е познат по тоа што напаѓа луѓе, па одеднаш се појави во близина на австралискиот сурфер – шампион, кој беше во морето во близина на градот Белин.

Ајкулата во еден момент се упатила кон Мет, но за среќа за него во последен момент го сменила правецот. Да не беше тоа, Мет тешко дека ќе имаше можност да го прикачи ова видео на Инстаграм, за кое се вели дека е снимено со дрон од спасувачи на плажа.

Спасувачите од плажата веруваат дека звукот на дронот е можеби единствената причина зошто ајкулата се повлекла.

Мет рече дека ја информирал својата сопруга за сè пред да ги види снимките на Интернет, а исто така истакнал дека тој веројатно ќе добие „забрана“ за влегување во вода некое време.

Животот е сепак најважната работа.

loading...

Facebook