Кошарка
Шејн Ларкин останува во Ефес до 2022 година
Турскиот првак Ефес, веројатно е најдобриот тим на Евролигата оваа сезона до паузата предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Во одличниот тим на тренерот Ергин Атаман, покрај неколку одлични поединци, најдобрите настапи ги имаше фантастичниот Шејн Ларкин, во Евролигата, како и на Турското првенство.
Се чини дека навивачите на овој клуб не треба да се грижат за иднината на Ларкин во синиот дрес на Ефес. Според добро информираниот грчки „СДНА“, управата на турскиот шампион веќе се согласи да го продолжи договорот со првата ѕвезда. Ларкин треба да остане во клубот до најмалку 2022 година со плата од 7,7 милиони долари во текот на следните две сезони.
Ларкин исто така неодамна доби турски пасош и се стави на располагање на турската репрезентација.