Connect with us

Фудбал

Шест играчи на ПСЖ во тимот на сезоната во Лига 1

Бидејќи не продолжува првенството на француската Лига 1, некои портали го објавија неофицијалниот најдобар тим на сезоната.

После 28 одиграни натпревари, првенството заврши, а Француската фудбалска федерација и раководството на Лига 1 ќе донесат последователна одлука. Според сите пресметки, ПСЖ ќе биде шампион бидејќи има добра бодовна предност во однос на останатите екипи, Марсеј би натпреварувал во Лигата на шампионите како втор, Рен во квалификациите за ЛШ, додека Лил и Ремс би ги играле квалификациите за Лигата на Европа.

Според „SofaScore“, Нејмар е највисоко рангиран играч во сезоната досега со резултат 8.04, а покрај него во идеалниот тим на Лига 1 на крајот на сезоната се и неговите соиграчи Мбапе, Ди Марија, Верати, Маркињос и Муние.

Од тимот на Ремс се наоѓаат голманот Рајковиќ и одбрамбените Камара и Абделхамид. Останатите две места ги пополнија офанзивниот играч на Марсеј, Пајет и играчот од средниот ред Монпелје Саваниер.