Кошарка
Шестмина кошаркари на Алба позитивни на коронавирус
Коронавирусот повторно предизвикува сè повеќе проблеми во светот на спортот.
Кошарката во Евролигата е една од најпогодените лиги во Европа и има неколку одложени натпревари во скоро секое коло.
По Зенит, Химки, ЦСКА, Барселона, нови заразени се појави во Берлин. Дури шест кошаркари на германскиот шампион се позитивни на Ковид-19 и постои сомневање дека го „собрале“ вирусот на гостувањето во Москва, каде во петокот ја совладаа ЦСКА. Кошаркарите не се именувани и е соопштено дека целиот тим е ставен во изолација и дека кошаркарите кои се заразени се чувствуваат добро и немаат поголеми компликации.
Нема да има ништо од натпреварот од Евролигата со Басконија што беше на програмата оваа недела, а подоцна ќе се најде друг термин за истиот. Евролигата исто така го смени правилото што првично беше такво што тимот што не може да собере осум кошаркари за натпревар губи со 2:0, така што сега секој тим може да одложи најмногу три натпревари.