Connect with us

Фудбал

Шевченко призна дека има само уште една голема желба во животот

Легендарниот украински напаѓач Андриј Шевченко реши да се посвети на тренерството по крајот на неговата кариера како фудбалер.

Тој беше избран за асистент во националниот тим на Украина на почетокот на 2016 година, а набргу потоа ја зазеде и тренерска позиција. Со оваа селекција тој забележа одлични резултати и успеа да обезбеди место на Европските првенства.

По Европското првенство, кое ќе се игра следното лето, Шевченко, најверојатно, ќе ја напушти Украина. Неговата желба е да се обиде на клупско ниво и сигурно понудите нема да недостигаат.

43-годишниот фудбалер призна дека негова најголема желба е еден ден да го води тимот на Милан, каде ги поминал најдобрите денови од својата кариера како играч.

„Сега најважно е да се заврши оваа сезона. Секој играч ќе даде се од себе до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме кои денови доаѓаат за Милан. Јас секако сакам да се вратам таму еден ден како тренер, бидејќи тој клуб секогаш ќе биде во моето срце. Ова е моја единствена голема желба и се надевам дека ќе се оствари“, рече Шевченко.