Connect with us

Други спортови

Шифрин испиша историја

Американката Микаела Шифрин е победничка на супервелеслаломот возен во канадски Лејк Луис. За неа ова е историска победа во светскиот Скијачки куп, бидејќи стана само седмата натпреварувачка која успеала да триумфира во сите алпски скијачи дисциплини.

За двократната освојувачка на Златниот глобус ова беше прва победа во Супер-џи, единствената дисциплина каде немаше највисоко место на победничкиот подиум.

Таа во својата кариера досега има победи во другите дисциплини: слалом, велеслалом, спуст и алпска комбинација (слалом-спуст). Воедно, за Шифрин, победата во Лејк Луис е 46. во кариерата.