Connect with us

Други спортови

Шифрин славеше во Зимринг, сега го брка рекордот на Линдзи Вон

Американската скијачка Микаела Шифрин денеска победи во велеслалом, трка од Светскиот куп што се одржа во Земеринг, Австрија.

Шифрин победи со време од 2:07.18 минути и ја постигна 78-та победа на Светското првенство. Тоа е нејзина четврта победа сезонава.

Сега Шифрин има само четири победи помалку од рекордерката, сонародничката Линдзи Вон. Апсолутен рекордер е Швеѓанецот Ингемар Стенмарк со 86 победи.

Словачката скијачка Петра Влхова го освои второто место со 0,13 секунди заостанување, а Италијанката Марта Басино беше трета со 0,31 секунда заостанување.

Во генералниот пласман прв е Шифрин со 675 бодови, втора е Италијанката Софија Гоѓа со 470, а трета Влхова со 420.