Connect with us

Други спортови

Шифрин стигна до втор Кристален глобус

Американската скијачка Михаела Шифрин ја одбрани титулата во Светскиот куп во алпско скијање, иако до крајот на сезоната остануваат уште пет трки.

Во Офтершванг на трката во велеслалом таа заврши како трета, што е доволно за да го обезбеди вториот Кристален глобус.

Со овој успех олимписката шампионка во велеслалом стана втората скијачка од САД која повеќе пати триумфирала на Светскиот куп. Претходно Линзи Вон четири пати го освои Кристалниот глобус.

На Шифрин за да ја обезбеди новата титула доволен и беше пласман меѓу првите шест.

Швајцарката Венди Холденер беше единствена која имаше теоретски шанси да ја загрози Американката во генералниот пласман, но доколку победеше или го освоеше второто место. Холденер заврши дури на 14. место во Офтершванг.