Други спортови
Шифрин во Сент Мориц до 77. победа во Светското првенство
Американската скијачка Микаела Шифрин е победничка во супервелеслаломот што во неделата во рамките на Светскиот куп скијачки се тркаа во Сент Мориц.
Шифрин на тој начин ја постигна 77. победа на Светскиот куп, а нејзиното време беше 1:13.62. Второто место го освои Италијанката Елена Куртони, која имаше побавно време за 12 стотинки.
Французинката Роман Мирадоли беше трета со 40 стотинки зад победничката.
Во поредокот на скијачките во супервелеслалом лидер е Куртони со 120 бодови, втора е Швајцарката Корин Зутер со 116 бодови, а третото место го делат Норвежанката Рагнхилд Мовинкел и Шифрин со по 100 бодови.
Во генералниот пласман на Светскиот куп кај скијачките Шифрин е прва со 575 бодови, Софија Гоѓа е втора со 470, додека трета е Швајцарката Венди Холденер со 376 бодови.
Со оваа победа, трета сезонава, по двата слалома во Леви, 27-годишната скијачка од Колорадо се приближи до рекордот од 82 победи во Светскиот куп, кој го држи нејзината сонародничка Линдзи Вон. Вон се повлече од спортот пред три години.